Wednesday, May 28, 2014

Вовед и Ресурси во League of Legends


    Добредојдовте во првиот дел, од серија на артикли во кој јас, PervySageMK, ќе се обидам да ви објаснам се што знам за League of Legends, вклучувајки совети и вежби, преку кој вие можете да се подобрите како играчи. Би сакал да напоменам, дека без разлика на тоа колку добро или лошо играте, секогаш можете да се подобрите. Дури и играчи од високи ранкови, како Diamond и Challenger, можат да научат по нешто ново со секоја одиграна игра.

    Пред да почнам, би сакал да додадам уште едно нешто - сум играл во сите различни Ело ранкови, од Bronze до Diamond, и верувајте, знам какви луѓе се паѓаат во двата тимови. Сум играл со нив, сум играл против нив.. сум бил ДЕЛ ОД НИВ, како и вие.. Но да не се лажеме.. ако сте добри - ќе победувате повеќе.. ќе се качувате константно низ ранковите, додека не стигнете до некое место, каде што вашиот скил-левел припаѓа. Знајте едно нешто - НЕМОЖЕМЕ ДА ГИ ПОБЕДИМЕ СИТЕ ИГРИ! ТОА Е НЕВОЗМОЖНО! Прифатете пораз, и продолжете во следната игра. Не се карајте, не тролајте, не вреѓајте... едноставно, mute на секој што ви смета, и продолжете со играта.

    Но што точно е League of Legends? Се сеќавам, кога бев левел 20, и кога мислев дека играта се победува со "kills", и мислев дека сум добар кога ќе добијам triple, quadra.. penta kill.. Подоцна стигнав левел 30, и мислев дека се победува со помош на среќа... сите сме имале период кога сме пцуеле пољаци и кога сме рејџале во чет.. "THIS FUCKING NOOB TEAM. CAN'T WIN LIKE THIS MAN!". Познато ви е? Мене да.. нажалост.  Но повторно бев грешка, и не, не беше до моите team-mates. Не беше до пољаците кој ги пцуев "kurwaPL omg", и не беше поради блиц или амуму.. беше поради мене. Бев Bronze во Season 2, имав 900 ело (тогаш немаше бронз 1-2-3-4-5), што би му дошло бронз 4 во денешно време, и НЕ ЗНАЕВ ДА ИГРАМ.

    Што се смени, што ме натера да мислам дека League of Legends не е игра на килови или слично? Што е всушност играта, ако не е еден огромен kill-fest и feed-fest? ЛоЛ е игра на Minions и Towers. ЛоЛ е игра, во која ти, како играч, имаш задача да земаш објективи и ресурси, а не да се бркаш низ мапата и да умреш за еден кил. Оној тим кој што ги менаџира ресурсите подобро, и ги извршува објективите - има поголеми шанси да ја победи играта. Но кој се тие ресурси и објекти за кој што јас зборувам?


Ресурси:

Gold (Злато/Пари/Голд)
Experience
Champions (Вие, како херои што трчкаат навака-натака на мапата)
Мinions (Или крипови, како сакате)


Oбјективи:

Towers
Inhibitors
Nexus
Drake
Baron Nashor
Red & Blue Buff


     Кога веќе ги знаеме компонентите на играта, полесно е да поставиме пример во кој ќе видите како тие влијаат во играта:

- Тимот што има повеќе голд, и повеќе експириенс, има повеќе левели и повеќе итеми. Тоа значи дека во team-fights, они имаат поголеми шанси да победат, поради тоа што имаат повеќе damage и повеќе итеми за defense.
- Ако еден Jungler изгуби еден баф (ред или блу), на почетокот на играта, тој Jungler најчесто неможе да помага на својот тим со Ganks, затоа што е послаб од противничкиот Jungler.

    Има многу примери за тоа како ресурсите и објективите влијаат на играта, но едно е битно - тие влијаат еден на друг. На пример, тим со повеќе експириенс и голд, има поголема шанса да земе барон, поради тоа што имаат повеќе итеми и левели, па можат полесно да победат teamfight. Исто така, нивниот Jungler има повеќе експириенс, па неговиот Smite прави повеќе damage од друигот Jungler, така што има поголеми шанси да го земе баронот.

    Што значи ова? Ова значи дека ние во играта се бориме да направиме мали предности во ресурси, кој со тек на време, стануваат поголеми, и ни овозможуваат да земеме објективи полесно, што не носи до победа на играта. А сите сакаме да победиме, така? Но како да ги добиеме овие мали предности? Како да ги зголемиме? Е тоа е тоа што јас, сакам вас да ви го објаснам. Главната тема на овој прв пост, ќе биде тоа - добивање на предност, и спречување на предност од страна на противникот, добивање на голд и експириенс.

    Голд е основна валута во играта, со која што ние купуваме итеми. Голд се добива со убивање (last-hit) на крипови, или она што вие го викате ФАРМ кога постирате скрин-шотс, убивање на enemy champions (херои) и земање на објективи (кули, драгон, барон, бафови). Најлесен начин да собереме доволно голд, е со помош на фармање! Најлесен начин да се спречи противникот од земање голд, е да биде убиен, или приморан да оди во база. Бидејки бркање килови е лоша и ризчна работа, најдобар начин за да се добие предност, и во исто време да се спречи противникот од добивање на голд, е преку мали fights во лејнот, со кој ќе го натерате да се врати во база, додека вие слободно фармате. Но што ако ете, на пример, умрете, или противничкиот Jungler дојде и морате да одите во база, или нешто слично?

Тогаш доаѓаме до следниот дел, следниот ресурс - Експириенс. Тогаш пробувате да собирате Експириенс со тоа што ќе го оставите вашиот противник да ги тепа минионсот, за вие да можете да ги тепате под вашата кула, за повеќе голд и експириенс, или во превод - за разликата меѓу него и вас, биде помала.

    Најлесен начин да имате доволно голд во секоја игра, е фармањето. За да фармате добро, треба да вежбате Last-Hits. Како да го направите тоа? Ќе одите во CUSTOM GAME, сами, без ботови, без никој друг на мапата, и ќе пробувате да напраите помеѓу 30 и 35 минион килс (ласт хитс), до 5:30. Кога ќе стигне 5:30, исклучете, и повторно направете го истото. Правејки го ова по 20-30 минути на ден, вашиот крип-скор (СЅ), и вашиот Голд, ќе се зголеми значително, и ако сте имале 1 итем на 15-20 минути, сега ќе имате барем 2. Доколку цело време имате повеќе СЅ од вашиот противник, вие имате повеќе голд! Доколку не умирате многу во текот на играте - вие имате повеќе експириенс.

    Е како да прекинеме да умираме во лејн? Едноставно! ВАРДОВИ! Кога веќе имате повеќе голд, поради добар СЅ (добар фарм), имате доволно голд, за да одвоите 75 голд за еден вард. Еден вард, поставен на добро место, ќе ви дава секогаш доволно информации, за да знаете дали некој ве генка, или не. Исто така обрнете внимание на мапата! Доколку некој противник не е во нивниот лејн, очекувајте да дојдат по вас! Доколу протвничкиот Јungler e во мид лејн, а вие сте топ, знаете дека НЕ Е КАЈ ВАС!

    Значи што можеме да заклучиме од ова?

    Не треба да бркаме килови, и да ризикуваме да умреме, треба да играме сигурно, и да ставаме вардови, за да не умираме од противнички ганкови, и со тоа, да останеме секогаш со многу експириенс, или во превод - висок левел! Не сакаме да бидеме левел 10, кога противникот ни фатил левел 11, и има левел 2 улти! Додека го правиме тоа, треба да научиме МНОГУ ДОБРО да собираме фарм (СЅ), за добиеме доволно голд! Ако го правите тоа подобро од вашиот противник - ќе имате повеќе голд и повеќе левели, и еден добар ганк од вашиот Jungler може да значи победа! Затоа вежбајте СЅ, не умирајте многу, и користете вардови, и бронз ќе биде МНОГУ позади вас.

    За крај ќе дадам пример - коклу фармот значи во бронзе, или силвер 4-5, доколку го следите ова што ви го кажав погоре.



    Ако вие играте AD Carry (marksman), и на 15 минути имате 130 CS, поради тоа што сте вежбале да фармате, а протвничкото AD Carry има 60-70, наредниот пат кога ќе се случи Fight, вие ќе имате повеќе итеми, или во превод - повеќе damage! Како AD carry, вашата работа е да мавате тоа што е НАЈБЛИСКУ до вас, а со повеќе damage - имате поголеми шанси да убиете (како тим, не само вие) повеќе противници, и да постигнете ACE!  Како што напоменав погоре - сега противникот е мртов, и во база, а вие добивте повеќе голд и експириенс! Еден fight, два fights, три fights, и победата сама доаѓа, поради повеќе голд и експериенс. Така влијаат двата нај-битни ресурси во играта, и да научите да ги користите правилно, ќе ви помогне МНОГУ!

    Знам дека овој пост не е баш корисен за луѓе од повисоко ело, но мора од негде да се почне! Мора да се сфати дека League of Legends е игра не ресурси, а не игра на килови! Ако сакате килови, играјте Counter Strike, или нешто слично, а ако сакате да играте League of Legends, како што треба, и да бидете добри во играта, останете со мене до наредниот пост! (soontm). За нареден пат, ако не ме мрзи, може и ќе го средам блогот, да личи на нешто!