Tuesday, June 10, 2014

Стави Вард, спаси живот! - Вардови и Тринкети




    Поради тоа што забележав голема заинтересираност во претходните делови, решив денеска да напишам уште еден, малце пократок гајд. Прво сакам да нагласам, дека гајдовите се сеуште едноставни, поради тоа што сакам да почнам од основни работи, пред да стигнеме до по специфични гајдови, па сите оние што веќе го знаат ова - стрпете се! Ќе има уште, ќе има потешки, и по напредни работи! Се во свое време!


    Ајде да почнеме! Што се вардови? Вардови се ајтеми од категоријата Consumables, кој што откриваат дел од мапата, за 3 минути. Има 2 видови на вардови. Обични и Пинк вардови. Обичните вардови се купуваат за 75 голд, и траат 3 минути. Тие се невидливи за противникот, и октриваат дел од мапата, но неможат да видат невидливи членови (херои или други вардови) на мапата. Пинк вардовите чинат 100 голд, траат цело време (додека некој не ги убие), и откриваат и невидливи членови на мапата. За разлика од обичните вардови, пинк вардовите се гледаат на мапата, т.е не се невидливи. Максималниот број на обични вардови што може да ги имате на мапата се 3, а пинк вардови 1 (Од секој играч по 3 обични и 1 пинк). Ова ги вклучува и тринкетите, па ако ставите еден обичен вард, и еден тринкет вард, тоа се брои како 2/3.

    Кој се треба да варда? Зашто ни се потребни вардови? Одговорот е едноставен. СЕКОЈ. Секој член на тимот, треба да купува вардови. Единствен член кој може да си дозволи да не купи вард е Марксманот (АD Carry), поради тоа што има support со него, кој што купува повеќе вардови од другите членови на мапата. Вардовите се многу битни, а зашто, ќе ви кажам сега.

    Се сеќавате на првиот гајд? На тоа како треба да направиме предност во голд и експириенс, со помош на ласт хитс, и на НЕ-умирање? Епа Вардовите ни помагаат тоа да го постигнеме. Тие ни кажуваат кога некој доаѓа, каде некој се наоѓа, и дали сме безбедни, што ќе ни овозможи да знаеме дали можеме да се тепаме со противниците, дали да се вратиме во нашата база, дали можеме да земеме кула или не.. се, поради тоа што ќе знаеме каде се нашите противници, каде е нивниот jungler, и дали нивниот мид лејнер доаѓа во нашиот лејн, да им помогне на противниците. За само 75 голд, можеме да го спасиме нашиот живот или животот на нашите teammates.

    Тука некаде спаѓаат и тринкетите! Што се тринкети? Тринкети се ајтеми кој што секој член од двата тима ги има од почеток на играта, со можност на нивно надоградување. Постојат 3 тринкети. Жолт (Вард тринкет), Црвен (Тринкет за чистење противнички вардови), и Плав (Тринкет што никој не го користи! :р). На почетокот на играта, скоро сите имаат жолт тринкет, со тоа што jungler-ите и support играчите можат да почнат и со црвен тринкет. Подоцна во играта, Jungler-от и Support-от мораат да имаат црвен тринкет, за да чистат противнички вардови, а останатите играчи можат да останат со жолт. Не заборавајте да ги појачате тринкетите подоцна во играта.

ВАЖНО!!! Само поради тоа што имате тринкет, не значи дека не треба да купувате вардови! Тринкетот е само екстра вард, кој трае пократко! Купувајте вардови.. СЕКОГАШ!

    Но каде треба да се варда? Дали можеме да ставиме вард било каде, без многу да се грижиме? Не. Има подобри и полоши места за вардање, и места кој што се подобри за вардање додека сте во лејн, а некој малце подоцна во играта!Има и места кој што се подобри за вардање кога имаме предност, и спротивно - кога губиме! Еве неколку слики од тие места за вардање.


Да ги објаснам сликите прво.

Сликите се од BLUE SIDE гледна точка. Во RED SIDE само копирајте ги вардовите од обратна страна!

Првата слика е за лејн, и Early Game (додека сте уште во Лејн-Phase), а втората е мид и лејт гејм.

ЖОЛТА БОЈА = Вардови кој што ги ставате секогаш.
ЦРВЕНА БОЈА = Вардови кој што ги ставате ако имате предност/победувате, за да можете да ја зголемите предноста
СИНА БОЈА = Вардови кој ги ставате коа губите, за да го спречите противникот слободно да шета во вашата страна на мапата



No comments:

Post a Comment