Monday, June 9, 2014

Објективи во League of Legends


    Поздрав уште еден пат, од мене, PervySageMK, со вториот дел од претходно започнатиот guide. Денеска ќе продолжиме со објаснување на основните работи во League of Legends. Претходниот пат пишував за ресурси, а сега ќе пишувам за објективи. Најпрво, би сакал да се потсетиме кој беа објективите во ЛоЛ.

Oбјективи:

Towers
Inhibitors
Nexus
Drake
Baron Nashor
Red & Blue Buff



Red & Blue Buff

Red & Blue buff, се објективи кој се наоѓаат во вашата, и противничката џунгла, кој даваат експириенс, голд и нешто што е по-познато како BUFF (Баф). Buff е позитивен стат или ефект, кој го подобрува вашиот Херој, за одредено време! Бафовите се појавуваат на мапата во 1:55, и се појавуваат повторно, на точно 5 минути одкако ќе бидат убиени. Играчи во поголемо ело, запишуваат во чет кога бафот треба да се роди повторно, за да бидат таму на време, и да не дозволат противничкиот Jungler да го украде бафот, а со тоа и голд и експириенс.

Blue Buff-от, се наоѓа во близина на ТОП-lane, од сината страна, и во близина на БОТ-lane, од црвената страна. Трае 2 минути, и дава Cooldown Reduction, и Mana Regenartion. Корисен е на херои со мана, па затоа, најчесто, после првиот баф, останатите се даваат на вашиот мид-лејнер, кој најчесто користи мана.

Red-Buff-от, се наоѓа во близина на БОТ-lane од сината страна, и во близина на ТОП-lane од црвената страна. Трае 2 минути, и секој пат кога ќе удрите некого, дава slow (Успорување), и True Damage (Damage кој што не е намален со помош на армор или magic resist). Овој баф, Јungler-oт го зема за себе за време на Lane-Phase, затоа што помага многу при ganks. Успорувањето и тој true damage, многу значат. Oдкако Lane-phase ќе заврши, тој баф се остава на вашиот Марксмен, за да можат да го користат успорувањето, и да не умрат (Кајтинг).

Бафовите се повеќе вредни ради бенефициите што ги даваат, а не толку многу поради голд и експириенс,  иако, што порано во играта, толку побитни се тие голд/експириенс вредности што ги добивате.





Towers - Кули


Кулите во League of Legends, се еден од поважните објективи, а воедно и основен објектив кој секој lane го има. Кулите даваат голд и експириенс, и се добар начин, да се изедначи играта, или да се превземе контрола на играта, ако веќе имате предност! На пример - ако вашиот ТОП лејн губи, а вие имате добар мид и бот лејн, ако ги земете мид и бот лејн кулите, вашиот топ лејнер ќе добие голд и експриенс, и ќе биде изедначен со неговиот противник, иако претходно губел. Исто така, со земање на одредени кули, вие му давате предност на вашиот тим, за други објективи. На пример, ако ја земете мид кулата, имате полесен пристап до нивните бафови. Бот лејн кулата ви дава полесен пристап до драгон, и топ лејн кулата ви дава полесен пристап до барон!

Исто така, како што можете да помогнете на тимот, со уништување на една кула, можете да помогнете и со НЕуништување на кула. Додека е сеуште рано во играта, и вашиот тим исто така има предност како и вие, можете да ја оставите противничката кула и да седите во лејнот, за да соберете уште повеќе фарм и експириенс, и да не дозволите вашиот противник да добие фарм и експириенс.



Inhibitor

Инхибитор е објектот после трите кули, во секој лејн, и уништување на еден Инхибитор, овозможува Супер Минионс, кој што имаат повеќе моќ од обичните минионс. За разлика од кулите, инхибиторите се преродуваат повторно на секој 4 минути. Тие не даваат предност во голд и експириенс, но даваат друга предност.. Даваат предност во објективи! Кога вие имате супер минионс во еден лејн (или повеќе лејнови), тој лејн постојано е посилен од вашиот противнички лејн, поради тие супер минионс. Доколу вашиот противник не прати барем еден член од нивниот тим да ги убие, т.е исчисти тие супер минионс, тие лесно можат да ги уништат кулите во противничката база! Доколку вашиот противник прати некој да се соочи со тие супер минионс, вие имате предност со тоа што они имаат само 4 противници, против вашиот тим од 5, па вие можете да уништите друга кула, да земете лесен барон, драгон, или да ја исчистите противничката џунгла од голд, експириенс и бафови. Ова е познато како "Вршење на притисок врз противничкиот тим на објективите", и со вршење притисок, добивате поголема и поголема предност. Внимавајте - доколку не искористите ваква предност, противниците можат да земат објективи како барон, драгон или кула, наместо вас, и да ја намалат предноста, па дури и да победат!



Drake (Dragon)

Дрејк, или Драгон (Змеј), е елитно чудовиште кое се појавува на мапата на точно 2 минути од почетокот на играта. Одкако е убиено, се појавува повторно на секој 6 минути, и дава голд и експириенс на целиот тим. Во повисоко ело, Jungler-от или Support-от на тимот најчесто го запишува во чет времето на појавување на овој објектив, поради тоа што, ако се внимава на времето постојано, се убива секој драгон што ќе се роди, и се зголемува предноста. Jungelr-от претежно се обидува да направи ганк, и доколку успешно земете кил, можете слободно да направите драгон! Доколку играте бот лејн, ако земете кил, и Junger-от е во близина, можете да го викнете за да земете драгон. Дури и да не земете кил, ако ги натерате вашите противници да одат во база, имате прилика да направите нешто.



Baron Nashor (Барон)

Барон е најголемиот објектив во играта, и најлесниот начион да ја изгубите (фрлите) играта, но и да се вратите. Дава многу моќен баф на сите 5 членови од тимот, експириенс, и по 300 голд на секој. Избегјувајте да ризикувате да земете барон доколку не сте барем 90% сигурни дека МОЖЕТЕ. Кога имате барон, групирајте се како тим (сите 5), и направете.. НЕШТО! Земете драгон, кула, инхибитор, било што! Искористете го бафот максимално. Баронот се раѓа на секој 7 минути одкако ќе го убиете.


Нексус

GG WP!

No comments:

Post a Comment